Потврдено е дека над 2.100 лица загинаа во лизгање на земјиште во планински дел во североисточен Авганистан, изјави денеска портпаролот на гувернерот на провинцијата Бадакшан Навид Форотан.
– Над 2.100 лица загинаа од 30 семејства, изјави Форотан.
Обединетите нации објавија дека моментално вниманието е насочено кон повеќе од 4.000 раселени по вчерашната катастрофа, поради опасноста од ново лизгање на земјиштето во областа.
Причина за лизгање на земјиштето се минатонеделните поројни дождови во областа. Во несреќата целосно е уништено селото Хобо Барол со околу 300 домови.