Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела кон крајот на јуни се искачи на 5.069, а повеќе од 20.000 луѓе се засолнети во импровизирани кампови, соопштија властите.
Венецуела искористи 346 милиони долари од сопствени средства со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за да помогне во закрепнувањето од земјотресот што ја погоди земјата кон крајот на јуни, изјави денес привремената претседателка на земјата, Делси Родригез.
Според податоците објавени на Телеграм од претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, во земјотресите се повредени 16.740 лица, додека 6.462 лица се спасени.
Властите велат дека 17.907 лица останале без покрив над главата, а 21.235 лица биле сместени во 107 импровизирани кампови. Земјотресите оштетиле 856 згради, од кои 190 целосно се урнале.
Повеќе од 65.000 лица се вклучени во напорите за закрепнување, вклучувајќи странски спасувачи, државни службеници и волонтери, пренесува Танјуг.
На 24 јуни, Венецуела беше погодена од два земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во интервал од 39 секунди.
По катастрофата, властите прогласија вонредна состојба, а меѓународната заедница испрати спасувачка и хуманитарна помош.
