Бројот на жртви од снежната бура во Европа е најмалку 35

Од:

Најмалку 35 лица ги загубија животите во Европа во силната снежна бура во викендот и денеска.

Во Швајцарија во лавина синоќа загинаа 11 луѓе, објави весникот Локал.

Во меѓувреме, во Југоисточна Европа регистрирани се најобилни врнежи од снег. Седум луѓе ги загубија животите од хипотермија во Чешка овој викенд, откако температурата се спушти на минус 27 степени, објавија Лидове новини.

Десет жртви има и во Полска.

Најмалку седум луѓе ги загубија животите поради екстремните временски услови во Хрватска, Србија, Црна Гора и БиХ. Обилните снежни врнежи и силниот ветар отежнаа одвивање на воздушниот сообраќај во цела Европа, јавуваат западни медиуми.

Би можело да ве интересира

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе

(ВИДЕО) Силно невреме во САД, има мртви и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски