Бројот на загинатите од урнатата осумкатна бизнис зграда во Бангладеш, од пред половина месец, надмина 1.000, соопштија светските агенции, повикувајќи се на портпаролот на вооружените сили.
Бројот на жртвите на трагедијата се зголеми, откако армиските спасувачки единици од под урнатините извлекоа тела на уште загинати.
Во урнатата зграда во градот Савар, на околу 30 километри северозападно од главниот град Дака, имало пет шивалници, продавници и банка, во кои, според различни податоци, работеле над 3.000 лица.
По трагедијата беа спасени 2.400 лица. Точниот број на лицата кои се наоѓале во зградата за време на урнувањето на тој начин не беше утврден.
Во средата властите во Бангладеш од безбедносни причини затворија 18 текстилни фабрики, за прв пат по несреќата.
Текстилниот сектор е од клучно значење за националната економија, а многу западни брендови се излезени од производните ленти во оваа земја.
Работниците на 23 април, ден пред несреќата, сигнализирале за пукнатини во зградата, но нивното предупредување не било земено предвид.