Бројот на загинатите од урнатата осумкатна зграда во Бангладеш надмина 900

Од:

Бројот на загинати од урнатата осумкатна бизнис зграда во Бангладеш, од пред половина месец, надмина 900, пренеса агенциите, повикувајќи се на локалните власти.

До овој момент потврдена е смртта на најмалку 912 лица. Претходните податоци се однесуваа на 803 загинати.

Во текот на ноќта откриени беа уште над 100 трупа. Во урнатата зграда во градот Савар, на околу 30 километри северозападно од главниот град Дака, се наоѓаа пет шивалници, продавници и банка.

Властите во Бангладеш вчера безбедносни причини затворија текстилни фабрики, прв пат по несреќата.

Текстилниот сектор е од клучно значење за националната економија, а многу западни брендови се произведени токму во оваа земја.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници