Во тропската бура Налга, која предизвика поплави и лизгање на земјиштето во јужните провинции на Филипините, загинаа најмалку 72 лица, соопшти агенцијата за катастрофи на земјата.
Најпогодена е провинцијата Магуинданао со 67 мртви, додека две лица загинаа во Султан Кударат, уште две во Јужен Котабато, а една жртва е регистрирана во регионот Висајас во централниот дел на Филипините, изјави портпаролот на агенцијата Бернардо Рафаелито Алехандро за радио станицата DZMM.
Во невремето се повредени 33 лица, а 14 се сметаат за исчезнати, рече тој.
Тропската бура, која има максимални ветрови од 160 км/ч, рано денеска стигна на копно во источната провинција Катандуанес.
Ќе донесе обилни врнежи од дожд во главниот град и околните провинции, додека поминува над главниот филипински остров Лузон и се движи кон Јужното Кинеско Море, објави метеоролошката агенција на земјата во својот најнов билтен.
Во петокот, тимовите за пребарување и спасување извлекоа тела од вода и густа кал откако Налга предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
„Сега ги собираме сите спасувачки тимови и ќе спроведеме брифинг пред распоредувањето“, рече Насрула Имам, претставник на агенцијата за катастрофи во провинцијата Магуинданао.
„Веќе не врне, така што ова ќе ни помогне во потрагата и операциите“.
Просечно 20 тропски бури ги погодуваат Филипините годишно.