Бројот на загинати во Газа достигна 121 лице

Од:

Во израелските воздушни напади врз Појасот Газа утрово загинале 16 Палестинци, со што вкупниот број на жртви за пет дена бомбардирање се зголеми на 121 лице, соооштија медицински извори.

Во најновиот напад три лица загинаа во источниот дел на Газа сити, кој се нарекува Туфах, изјави портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал-Кудра.

Претходно е погодено хуманитарно здружение за лица со инвалидитет во Беит Лахија, во северна Газа, а уште три лица настрадале во напад во западниот дел на Газа сити.

Кудра претходно објави информација за загинување на уште осуммина Палестинци.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници