Бројот на загинати во авионската несреќа на Филипините се искачи на 52

Од:

Бројот на загинати во вчерашната несреќа на филипинскиот воен авион „Ц-130“ достигна 52, соопштија властите.

Претходно беше соопштено дека во несреќата загинале 45 војник, а тамошните воени власти јавија дека 50 лица се спасени.

Авионот со 85 патници, тројца пилоти и седум члена на екипажот, вчера се урна при обид да слета на островот Џоло, во провинцијата Сулу, соопшти армијата.

Властите соопштија дека пилотите преживеале, но биле повредени, а дека за време на слетувањето на авионот на земјата биле повредени уште четворица локални жители.

Засега не е позната причината за падот на авионот.

Многу војници од авионот неодамна ја завршиле основната воена обука и биле испратени на островот да се борат против тероризмот во овој претежно муслимански регион, пренесоа француските медиуми.

Според филипинската војска, авионот што се урна вчера бил во „многу добра состојба“ и ги следел сите оперативни протоколи за време на летот, па истрагата ќе треба да даде конечен одговор на прашањето што точно ја предизвикало авионската несреќа.

Филипинската војска во јужните делови од земјата со години наназад се бори против исламистичката организација Абу Сајаф, која Вашингтон ја смета за терористичка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се запали Боинг во Денвер, патниците бегаа преку крилото

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Торонто

А1он

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Пронајдени телата на сите 67 жртви по судирот на авионот и хеликоптерот во Вашингтон

А1он

Авионот кој се урна го управуваше искусен пилот, а копилотот наскоро требаше да биде унапреден

А1он

Последната објава на американскиот лизгач беше од авионот на смртта

А1он