Бројот на потврдени смртни случаи при превртувањето на ферибот во Бангладеш вчера се зголеми на 22, откако во текот на ноќта беа извадени уште 16 тела, пренесува ДПА, повикувајќи се на локалните власти.
Голем број луѓе се уште се во неизвесност, но нивниот точен број не е познат. Се верува дека на бродот имало 200 патници, од кои околу 100 успеале да испливаат до брегот.
Превртениот ферибот веќе е целосно потонат, а властите преземаат акции за негово вадење.
Несреќата се случи на реката Магна, на 40 километри јужно од главниот град Дака, за време на бура. Фериботот со дозвола за 122 патници, бил претоварен.