Ураганот Ирма повторно зајакна на четврта категорија во својот пат кон Флорида, а бројот на загинати се искачи на 25.
На францускиот остров Сен Бартас и на германско-француската територија на Сен Мартин загинаа 12 лица, шест на Британските Девствени Острови, најмалку четворица на Американските Девствени Острови, додека во Порторико се регистрирани две жртви, а една на Барбуда.
Ирма се приближува кон Флорида со брзина на ветерот од 210 километри на час. Американскиот Национален центар за урагани предвидува дека ураганот ирма дополнително ќе зајакнува и оти директно ќе удри во Сент Питерзбург, а не во заливот Тампа, како што претходно беше прогнозирано.
Ураганот Ирма се очекува утре да го погоди заливот Тампа.
Повеќе од 170.000 домови и компании во Флорида се без електрична енергија, од кои половината во подрачјето на округот Мајами Дејд, каде за околу 600.000 луѓе е наредена евакуација.
Седум милиони луѓе од околу 21 милион жители на Флорида се повикани да се евакуираат.
Ураганот Ирма предизвика материјална штета на Куба, каде брзината на ветрот достигна од 210 километри часа. Се уште нема информации за евентуално повредени или загинати луѓе.
Ирма уништи хотели во најпознатите летувалишта на островот и предизвикаа евакуација долж брегот, па се до околината на главниот град Хавана. Повеќе од 5.000 туристи беа евакуирани од северните крајбрежни реони и острови, каде последните години беа изградени низа нови одморалишта.
Властите во Санта Клара соопштија дека ураганот урнал 39 згради.
Најпогоден е малиот крајбрежен град Кајбариен, на околу 320 киломатри источно од Хавата, каде се урнати голем број далновди, а неколку квартови се под вода.