Бројот на потврдени жртви при потонувањето на траектот на 16 април во близина на југозападното крајбрежје на Јужна Кореја, се искачи на 159 лица.
Над 143 лица се уште се водат како исчезнати, додека нуркачките екипи ја продолжуваат операцијата за нивно пронаоѓање. Властите стравуваат дека 302 од вкупно 476 лица, кои биле на траектот на 16 април се загинати.
Од 476 патници и членови на екипажот, 339 беа средношколци и професори кои биле на излет, а над 75 отсто од 323-та ученици загинаа или се водат како исчезнати по потонувањето на патничкиот траект „Севол“ пред една недела. Само 174 лица се спасени во првите часови по несреќата.
Повеќето членови на екипажот се спасени. Дваесетмина од 29-члениот екипаж, меѓу кои и капетанот на фериботот, се приведени по различни обвиненија.