Бројот на загинати од одронот врз рудник во Тибет се искачи на 66

Од:

Од под одронот на свлечиштето што во петокот затрупа рудник за злато во кинескиот регион Тибет, спасувачките екипи досега успеаја да ги извлечат телата на 66 од вкупно 83-те затрупани рудари, објавија денеска кинеските медиуми.

Инцидентот се случи кога врз рудникот и бараките во кои престојувале рударите се одронија големо количество земја и карпи, затрупувајќи површина од околу четири километри квадратни. Руднкот се наоѓа во реонот на селото Гама, во областа Маижокунгар, околу 70 километри источно од главниот град на Тибет, Ласа.

Кинеските медиуми јавија дека спасувачката акција за пронаоѓање на преостанатите 17 рудари, кои официјално се уште се водат како исчезнати, продолжува. Акцијата беше продолжена вчера, откако во понеделникот беше прекината поради поројните дождови и опасноста од нови одрони.

Членови на спасувачките екипи оценуваат дека шансите за пронаоѓање на преживеани рудари се минимални.

Кинеското Министерство за земјиште и природни богатства формира комисија која треба да ги испита причините за несреќата. Медиумите во своите извештаи посочуваат дека лизгањето на земјиштето е предизвикано од „природна катастрофа“.

Појавата на одрони и свлечишта се честа појава на планинините на Тибет. Покрај на временските прилики, тие се должат и на инетезивирањето на рударските активности, особено по откривањето на големите резреви на бакар, олово, цинк и железна руда.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Путин: Русија ја споделува вашата тага

(ВИДЕО) Бројот на жртвите во земјотресот на Тибет се зголеми на 95, снема струја и вода

Горан Наумовски

Екипите трагаат по преживеани под урнатините по последниот силен земјотрес во Тибет

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Тибет: Под урнатините се бараат преживеани, над 53 мртви

Горан Наумовски

Лавина во Тибет, загинаа најмалку 28 луѓе