Бројот на сириски бегалци во Турција двојно зголем за една година

Од:

Бројот на сириски бегалци во Турција достигна 201.067 лица, покажуваат податоците на турската Дирекција за управување со природни несреќи и вонредни ситуации.


Тоа се двојно повеќе сириски бегалци отколку во истиот период минатата година, кога бројот на присутни бегалци во Турција изнесуваше 100.363 лица.


Сириските бегалци се сместени во вкупно 14 кампови од шатори и шест населби со контејнери. Поголем дел од нив се наоѓаат во јужните провинции на Турција.


Турција има приближно 900 километри копнена граница со Сирија, која е најдолга во споредба со останатите нејзини соседи.


На сириските бегалци им се обезбедува храна, а тие користат и медицински, образовни, банкарски и верски услуги.


За децата на училишна возраст се обезбедени училници и професори. Во 526 училишни простории учат вкупно 27.640 деца.


Од почетокот на сириската криза, па досега, во камповите се родени 4.984 деца на сириски бегалци и се извршени милион и 200.000 медицински прегледи.


Освен во камповите, Турција згрижи уште 300.000 сириски граѓани.


Од почетокот на сириската криза во Турција се пристигнаа 345.652 сириски граѓани, од кои 144.285 се вратиле во Сирија.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија