Бројот на починати од Ковид-19 во Шпанија е помал во однос кон крајот на март

Од:

Бројот на починати од Ковид-19 во Шпанија во текот на ноќта повторно се зголеми, соопшти Министерството за здравство, откако починале 575 лица и сега вкупниот број на жртви во земјата изнесува 14.555, но ресорниот министер Салвадор Илја смета дека токму овие бројки покажуваат забавување на епидемијата.

Дневниот процент на зголемување речиси е двојно помал од крајот на март за околу пет отсто.

– Нема добри бројки кога е во прашање смрт …, но сега сме во фаза на стабилизирање, истакна шпанскиот министер за здравство.

Брус Ајлворд, висок советник на генералниот директор на СЗО, нагласи дека епидемијата во Шпанија дефинитивно се намалува, но предупреди оти не треба да владее преголем оптимизам.

Вкупниот број на заразени лица со коронавирусот во Шпанија изнесува 146.690.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени