Бројот на Британци баратели на ирски пасош се зголемил за 22 отсто

Од:

Бројот на британски граѓани, кои аплицираат за ирски пасош, се зголемил за 22 процента во 2018 година, надминувајќи го двапати годишниот број на кандидати од претходните години. Бројот двојно се зголемил по одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ, информираат од ирското МНР.

Речиси 100.000 Британци посакале да го задржат своето европско државјанство со добивање на пасош од својот најблизок сосед оваа година, додека минатата година тој број достигна 81.000. Околу 45.000 апликации за ирско државјанство биле поднесени во 2015 година, една година пред референдумот за Брегзит, по што барањата драстично се зголемиле.

Секој роден во Република Ирска или Северна Ирска, или со ирски родител или предок, има право на ирски пасош, а тоа се вкупно шест милиони британски државјани. Тие имаат право на двојно државјанство.

Барањата за ирски пасоши во Северна Ирска, чии граѓани можат да имаат двојно државјанство – ирско и британско, бидејќи провинцијата е дел од Велика Британија, се зголемиле за два отсто оваа година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски