Бројер: Заканата од Русија не се променила, Путин нè гледа нас

Од:

Началникот на Генералштабот на Бундесверот, Карстен Бројер, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин има планови што одат подалеку од конфликтот во Украина.

„Путин нè гледа нас. Неговите планови одат подалеку од Украина“, рече Бројер.

Бројер ја нагласи потребата од одвраќање на почетокот на воените вежби на НАТО „Квадрига 2025“ во балтичкиот регион.

„Само одвраќањето може да го зачува мирот“, изјави Бројер на прес-конференција во Берлин.

Тој повтори дека заканата од Русија не се променила.

Би можело да ве интересира

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“