Брод со 458 патници потона во река во јужна Кина

Од:

Туристички брод во кој се наоѓале 458 патници и членови на екипажот, потона синоќа во реката Јангце во јужиот дел на Кина, јави ТАСС.

Досега се спасени само околу 20 лица, а спасувачката операција продолжува и натаму, иако е отежната од поројниот дожд и силниот ветер што го зафатија регионот. Во спасувачката операција учествуваат 34 брода.

Хсинхуа јави дека на местото на несреќата, најголемата кинеска река Јангце била длабока 15 метри.

Според кинеските власти, сите лица присутни на бродот „Донгфангжиксинг“ („Ѕвезда на истокот“), односно 406-те патници, 47-те членови на екипажот и петмината претставници на туристичката агенција организатор на патувањето, се државјани на Кина.

Бродот пловел од градот Нанџинг кон Чонгчинг, место во југозападниот дел на Кина.

Кон местото на бродолот утрово се упати и кинескиот претседател Си Џинпинг, кој притоа повика да се вложат сите сили за пронаоѓање и спасѕување на настраданите патници.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски