Брижит Бардо: Нема да се вакцинирам, тоа е трка за пари

Од:

Француската актерска легенда Брижит Бардо изјави за списанието „Иси Пари“ дека не сака да ја прими вакцината против коронавирусот.

„Не ги знаеме сите несакани ефекти. Вирусот мутира, па вакцината може и да не помогне. Се е тоа само почеток на трката за пари, на штета на животните над кои се вршат тестови,“ рече 86-годишната актерка, позната по децениите работа на заштитата на животните.

Таа додала дека добро се изолира и дека здраво се храни, така што коронавирусот не ја загрижува многу.

„Месо не јадам веќе 40 години, а јадам зеленчук, јајца и салати. На лекар не одам никогаш,“ вели Бардо.

Актерката често споделува ставови кои предизвикуваат контроверзи, а еден таков случај беше пред неколку години, кога го нарече францускиот министер за животна средина „кукавица“. За нејзините колешки од глумата кои се жалат дека биле злоставувани, Бардо има изјавено дека се во најголем дел „лицемерни, смешни и небитни“.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус

Четвртата доза ја зголемува заштитата од тешка форма на Ковид-19 за трипати покажува израелска анализа

Досега во светот се администрирани повеќе од девет милијарди вакцини против Ковид