Британско разузнавање: Русите испратија елитни десантни сили во Донбас

Од:

Британското Министерство за одбрана утринава објави нов извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата во Украина. Во него тие наведуваат дека Русија во последните две недели веројатно префрлила големи делови од своите воздухопловни трупи (ВДВ) на фронтот во источните региони Луганск и Доњецк. Од септември до октомври, повеќето од силно ослабените единици на ВДВ беа ангажирани во одбраната на окупираните територии западно од реката Днепр и во Херсонската област, се вели во извештајот.

Разузнавачки извори наведуваат дека дел од десантните трупи се засилени со неодамна мобилизирани резервисти. Иако овој слабо обучен персонал веројатно ќе ги намали наводните елитни способности на ВДВ, Русија најверојатно ќе ги распореди овие единици во секторите што ги смета за особено важни, велат тие.

Потенцијалните оперативни задачи на ВДВ вклучуваат поддршка на одбраната на областа Кремин-Сватова во областа Луганск, но и зајакнување на офанзивните операции во правец на градот Бахмут во Доњецк, се наведува во извештајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски