Британско-иранската државјанка Назанин Загари-Ретклиф, која по пет години минати во ирански затвор заради наводна шпионажа, денеска е ослободена и може повторно да му се придружи на нејзиното семејство, изјави нејзиниот адвокат Хоџат Кермани, јави ДПА.
Адвокатот за агенцијата ИСНА кажа дека Загари-Ретклиф била пуштена од злогласниот затвор „Евин“ во Техеран.
Британскиот опозициски лабуристички пратеник, Тулип Сидик, кој функцијата ја освои на избирачкото место на Загари-Ретклиф во Лондон, кажа дека таа повторно е повикана на суд следната недела.
Сидик додаде дека на жената и била отстранета ознаката на глуждот од ногата и дека може замине да ја види својата баба, јави агенцијата, пренесена од ДПА.
Загари-Ретклиф беше уапсена во 2016 година откако ги посети нејзините родители во Иран и беше осудена на пет години затвор за шпионажа и други дела. Таа беше обвинета и за соработка со странска мрежа за соборување на иранската Влада.
Загари-Ретклиф ги отфрли сите обвиненија, и цело време тврдеше дека само сакала да ги посети нејзините родители.
Нејзиното затворање доведе до сериозна дипломатска криза меѓу Велика Британија и Иран. Напорите на британските дипломати да и дадат конзуларна поддршка беа спречени бидејќи Иран не го признава двојниот национален статус, пренесе ДПА.