Британските универзитети нудат „азил“ за професорите кои бегаат од војна

Од:

Британските универзитети, вклучително и најстариот Оксфорд, ги отвора вратите за професорите кои бегаат од сириската војна.

Хуманитарната организација Цара – Совет за професори од ризични земји (Council for At-risk Academics – Cara) се обидува да им помогне на научниците да заминат од Сирија. Цара работи со 38 факултети на Оксфорд и со повеќе од 100 други британски универзитети за да им овозможат пристап на научниците кои бегаат од војната и бараат нова работа, изјави извршниот директор на организацијата Стивен Вордсварт.

Околу две-третини од 140 студенти од Блискиот Исток, кои бараат помош во Цара во моментот се Сиријци, а поголемиот број од останатите се Ирачани. Научниците кои пристигнале во Велика Британија не сакаат да им биде откриен идентитетот за да ги заштитат семејствата во татковината.

Научниците кои ќе пристигнат во Велика Британија ќе имаат статус на визитинг-професор, а не на бегалци, а нивните трошоци ќе ги поделат универзитетот домаќин и Цара.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година