Британските пратеници го поддржаа предлогот за англиска химна

Од:

 Британските пратеници дадоа првична поддршка на иницијативата за тоа Англија да добие своја, посебна химна.

Англиската химна би се употребувала на спортски натпревари и спортски манифестации на кои Англија се појавува како посебна репрезентација. Англиските спортисти, досега во вакви прилики ја користеа британската државна химна „Боже спаси ја кралицата“.
Конзервативниот пратеник Тоби Перкинс предложи законска иницијатива за определување на англиска химна, верувајќи дека „тоа и е потребно на Англија“ особено што посебни химни или свечени песни веќе имаат Шкотска и Велс.

Иницијативата на Перкинс помина во денешното прво гласање, по само десетминутно дебатирање. Во почетокот на март ќе има поголема дебата околу химната на Англија.
Доколку и тогаш иницијативата на пратеникот Перкинс добие мнозинство, министерот за култура, спорт и медиуми низ целата земја ќе отвори дебата за химната, по што ќе се определи која свечена песна ќе биде определана за англиска химна.

Засега најголема поддршка во англиската јавност, има свечената песна „Ерусалем“ која е мошне популарна во земјата. Како главен противкандидат се јавува песната „Земја на надежта и славата“ која е исто така популарна во Англија.

Пратеникот Перкинс ги отфрла забелешките дека за англиска химна се фаворизира песна заглавена според име на град на Блискиот Исток. Овој пратеник објаснува дека не станува збор за тоа, туку името Ерусалим, во песната претставува „метафора за да се означи едно подобро место“.

Ова песна досега на два пати се користеше како „химна“ за англиските спортисти на Комонвелт игрите во Њу Делхи 2010 и во Глазгов во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство