Британските либерални демократи формираа коалиција против Брегзит

Од:

Три мали британски партии, Либерално-демократската партија, Зелените и влијателната партија од Велс Плејд Кумру, на еден месец пред изборите формираа коалиција која ќе се залага за останување на Велика Британија во Европската унија.

Претставниците на партиите се договорија дека ќе истакнат само по еден заеднички кандидат во 60 изборни окрузи – либералните демократи 43, Зелените – 10 и Плејд Кумру – седум, а за три окрузи допрво претстои да се договорат.

– Тој сојуз ќе придонесе за избор на повеќе пратеници кои поддржуваат останување во Европската унија, изјави шефицата на либералните демократи Џо Свинсон, која истакна дека со тоа сака да се постави „националниот интерес над интересот на сопствената партија“.

Британскиот премиер Борис Џонсон сака, од друга страна, Брегзит да се спроведе што е можно порано, а опозициските лабуристи ветуваат дека со Брисел ќе договорат нов договор за раздужување, кој ќе се стави на референдум, притоа нудејќи и опција за останување во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот