Британските гранични служби не им вршеле контрола на илегалните имигранти во Франција

Од:

Британските гранични служби, стационирани на територијата на Франција, не им вршеле контрола на „илјадници илегални имигранти“, кои се фатени како се обидуваат да стигнат во Велика Британија.

Во извештајот од контролата на работата на овие служби се наведува дека граничните служби направиле голем пропуст што не се земани отпечатоци од прстите и фотографии на илегалците, затоа што таквите податоци би можеле да бидат искористени доколку овие луѓе побараат британски азил.

Проблемот со контролата во Франција почнал уште во 2010 година, кога поради големиот наплив на имигранти, немало доволно место каде тие да се држат за да може врз нив да се направи детална проверка на нивниот идентитет.

Контролата на работата на британските гранични служби е преземена за да се види како тие делуваат на француската, но и на белгиската територија, во настојувањето на имиграциските власти и на Владата на Велика Британија за блокирање на илегалната имиграција.

Во договор меѓу британските власти и на Франција и Белгија, контролата на границите со соседите Британците ја прават пред влегувањето во Велика Британија, на француска и белгиска територија, за патниците во возовите на Евростар и на бројните траекти и фериботи.

На британска територија таква проверка, пред влезот во Франција и Белгија, прават француските и белгиските погранични служби.

За само една година, од септември 2011 до истиот месец минатата година, британските гранични органи откриле преку осум илјади илегалци кои се обидувале да влезат во Велика Британија.

Британската опозиција ја обвини министерката за внатрешни работи Тереза Меј за „прикривање на бројните пропусти“ на граничните служби и за нивната „лоша организација“.

Хоум офисот објасни дека ваквите сознанија се чувани од јавноста поради „безбедносни причини“.

Би можело да ве интересира

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ