Британските бизнисмени: Порано организирање референдумот за излез од ЕУ

Од:

Лидерот на британската Трговска комора (БЦЦ) Џон Лонгворт, побара денеска евентуалниот референдум за останување, или за излез на Велика Британија од ЕУ да се организира порано од терминот што го навести премиерот Дејвид Камерон.

Лонгворт смета дека референдумското изјаснување би требало да се организира во 2016, а не до крајот на 2017 година. Тој е силен поддржувач за останување на Британија во ЕУ, но вели дека со развлекувањето околу референдумот, во следните две години ќе се создаде „неизвесност и несигурност“ во бизнисот.

Во говорот на годишната конференција на Комората, што се одржува во Лондон, Лонгворт се заложи за фокусот на преговорите што британската влада ќе ги води со ЕУ, да не се сведе само на враќање на овластувањата што Британија еднаш веќе му ги префрлила на Брисел, како што најавува Камерон.

– Идната британска влада (во тие преговори) ќе мора да се избори за тоа, како да се заштити Велика Британија за да не остане во клуб (ЕУ), каде сите одлуки се прават од, или за потребите на еврозоната, рече Лонгворт.

Тој предупреди дека британскиот бизнис сака да знае како ќе биде заштитен од вовлекувањето во зоната на еврото, затоа што, како што рече, историјата потсетува оти секоја монетарна унија неуспева, доколку не се постигне вистинска политичка, економска и социјална интеграција.

Сугестијата на бизнисмените од британската трговска комора за порано организирање на референдумот за ЕУ, веднаш беше поддржана од конзервативците на Камерон, чие евроскептично доминантно крило заговара излегување од Унијата, но беше критикувано од опозициските лабуристи, кои се противат на референдумот и на напуштањето на ЕУ.

– Едно такво решение би претставувало големо дестабилизирачко решение за британската економија, предупреди Ед Болс, одговорен за финансиите во владата во сенка на Лабуристичката партија.

Пред повеќе од една година, премиерот Дејвид Камерон навести дека ќе се отвори нов процес на преговори меѓу Лондон и Брисел, околу создавање нов британско-европски договор, пред да се организира референдум за идниот статус на земјата во ЕУ. Камерон тогаш рече дека референдумот би се организирал до крајот на 2017 година, ако неговата Конзервативна партија уверливо победи на изборите во мај,оваа година и сама формира влада.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство