Британскиот Врховен суд одлучува за државното злато на Венецела вредно милијарда долари

Од:

Велика Британија „недвосмислено го признава“ Николас Мадуро како претседател на Венецуела, иако не ја одобрува неговата влада, се слушна денеска во судот во Лондон во кој се води предметот за утврдување на судбината на златото на оваа земја вредно милијарда долари.

Во невообичаената судска постапка, Централната банка на Венецуела (БЦВ) се бори за „одмрзнување“ на златото што се чува во трезорот на Банката на Англија. Венецуела бара решение за ослободување на златните шипки од Банката на Англија, за тоа да ѝ помогне на земјата во борбата против коронавирусот.

Централната банка на Велика Британија, меѓутоа, отвори сомнеж за тоа кој ја има надлежноста да го бара ослободувањето на златните шипки.

Трезорот тврди дека е „во средината на конкурентски претензии за златото“ – од бордот на БЦВ,  поддржан од Мадуро од една страна, и посебниот ад-хок одбор,од друга страна, назначен од лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо.

Адвокатот Ник Винеал, кој ја претставуваше Централната банка на Венецуела, пред Врховниот суд на Англија и Велс, кажа дека „ во Венецуела има една и единствена влада- владата на Мадуро“.

Иако Лондон „не ја одобрува владата на Мадуро“, тој ја призна неговата администрација, рече адвокатот на сослушувањето што се одржа преку интернет поради ограничувањата со коронавирусот.

„Нормално е владата на Обединетото Кралство да ги признава или продолжува да ги признава странските влади, кои не ги одобрува,“ рече Винеал.

 

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја