Британскиот уметник и забавувач Ралф Харис осомничен за сексуални престапи

Од:

Познатиот британски уметник и забавувач Ралф Харис е уапсен и испрашуван во врска со истрагата што се води против него, за сексуална престапност, извршена во минатото.

Неговото апсење е дел од истрагата за скандалот со сексуланото насилство и педофилија на поранешниот водител на Би-Би-Си, сега починатиот Џими Савил и на неговите пријатели.

Харис (83) првпат е уапсен пред крајот на март, во својот дом во англиската област Беркшајар, но сега за прв пат јавно се споменува неговото име.

По испрашувањето тој е пуштен од притворот, за да се брани од слобода, со платена кауција. Следното сослушување е закажано за во текот на мај, но тој сега е само испрашуван во една полициска станица во јужен Лондон, во врска со целата истрага.

Ралф Харис е Австралиец по потекло, но тој веќе половина век живее и работи во Велика Британија, како угледен забавувач на разни манифестации и приредби посветени на децата, пишува книги, а е познат и како ликовен уметник. Тој е еден од досега, вкупно дванаесетмината уапсени, сите стари луѓе, во рамките на широката истрага за сексуална престапност во минатото.

Меѓу уапсените за кои се уште се води истрага е и некогашниот британски поп пејач Гари Глитер (69) кој еднаш веќе е осуден за педофилија. Како педофил беше осуден и во Виетнам, каде едно време живееше, но виетнамските власти подоцна го протераа и тој се врати во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот