Британскиот суд го блокира референдумското изјаснување за независност на Шкотска

Од:

Врховниот суд на Велика Британија одлучи дека Шкотска нема овластување да донесува закони за одржување нов референдум за независност без согласност на Владата во Лондон.

Полуавтономната шкотска Влада сака Шкотите следниот октомври да се изјаснат на референдум на прашањето „Дали Шкотска треба да биде независна држава“.

Конзервативната британска Влада одбива да го одобри изјаснувањето, со образложение дека прашањето било решено на референдумот во 2014 година кога шкотските гласачи ја отфрлија независноста.

Во 2014 година, Шкотите со 55 отсто од гласовите го отфрлија распуштањето на повеќе од 300 години старата унија со Англија, но две години подоцна застапниците за независност побараа да се одржи ново гласање. Мнозинството Шкоти се на уверување дека со излегувањето на Велика Британија од Европската унија значајно се променете политичките околности.

Премиерката на Шкотска и лидер на Шкотската национална партија (СНП), Никола Старџен, која е за независност, на почетокот од годинава најави дека има намера на 19 октомври 2023 година да организира референдум за независност, но изјаснувањето да биде спроведено согласно домашната легислатива и меѓународното право.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски