Британскиот РАФ ќе ги продолжи бомбардирањата против џихадистите во Ирак до 2017 година

Од:

Авионите на британското кралско воено воздухопловство (РАФ) ќе ги продолжат борбените мисии и бомбардирањето на позициите на џихадистите од Исламска држава во Ирак „најмалку до март 2017 година“, изјави британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон.

Воздушните напди против ИД ќе продолжат да ги извршуваат авионите „Торнадо“ иако тие требаше да бидат повлечени од составот на РАФ, во март оваа година и да бидат заменети со авионите „Тајфун“ но сега е одлучено да се продлжи нивната оперативност, за „барем уште две години“.

Според министерот Фалон, борбените напади против џихадистите „бележат успех“ па припадниците на ИД мораат да се повлекуваат од клучните градови во Ирак.

За авионите „Торнадо“ кои полетуваат од британската воена база на Кипар, министерот за одбрана вели дека се „исклучително успешни“ во воените операции, затоа што тие се „максимално прецизни“ при бомбардирањата, а се користат и во извидувачки и разузнавачки операции над ирачката територија.

Одлуката да се продолжи векот на авионите „Торнадо“ во РАФ, доаѓа по изјавата на премиерот Дејвид Камерон дека овој тип борбени авиони ќе останат во употреба до март 2016 година.

Воени експерти во Лондон тврдат дека „неочекуваната одлука“ за задржување на „Торнадата“ во воената авијација е резултат на недостигот на авиони во РАФ за вакви меѓународни мисии, предизвикано со драстичното штедење на буџетските давачки за армијата.

Фалон ги отфрли ваквите тврдење како „неточни“ и објасни дека британската авијација покрива 30 отсто од борбената мисија на меѓународната коалиција во Ирак.

Министерот за одбрана Мајкл Фалон кој престојуваше во Багдад, изјави дека Ирак има потреба од британска воена помош, низ воздушните операции против џихадистите на ИД, во обуката на ирачките сили и во воена опрема. Тој одново ја отфрли можноста Британците да учествуваат во некоја копнена операција.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски