Британскиот принц Хари е распореден во Авганистан, каде што че биде во наредните четири месеци, како дел од мисијата на меѓународните сили во земјата, објави Министерството за одбрана на Велика Британија.
Хари е пилот на хеликоптерот „Апачи“ и од вчера, петок е во главната британска база „Бастион“ во Авганистан, во провинцијата Хелманд.
Според Бо-Би-Си тој ќе учествува во борбените мисии против талибанците.
Ова е вторпат 27-годишниот принц да биде распореден во Авганистан, по 2007 година и 2008 година кога помина 10 недели во земјата при што беше повлечен затоа што медиумите премногу пишуваа за неговото учество во војната.
За неговата улога во мисијата и задичите кои ќе ги извршува со хеликоптерот се вели дека опасноста по живото за Хари е многу мала.