Британскиот премиер згрозен од сцените во Крушевац, бара санкции за Србија

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерун е згрозен од сцените во Крушевац од реванш натпреварот за баражот на Европското првенство помеѓу Србија и Англија.

Тепачката на крајот од натпреварот како и расисточкиот испад, не останаа незабележани од страна на премиерот на Велика Британија, кој побара УЕФА да воведе остри санкции доколку се докажат тврдењата од англискиот тим.

Реагираше и министерот за спорт Хју Робертс.

„Сцената на крајот од натпреварот во Крушевац е срамна. Му пишав на претседателот на УЕФА Мишел Платини со цел да го поддржам Фудбалскиот сојуз на Англија и побарав веднаш да се испитаат тврдеата за расизам, што не е прифатливо во ниту еден облик и мора да се искорени. Очекуваме остри санкции за Србија“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А