Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека „мажот е маж, а жената е жена“ и дека не треба да се врши притисок врз луѓето да веруваат дека можат да бидат било кој пол.
Зборувајќи за тоа како општеството треба да се однесува кон трансродовите луѓе, Сунак на годишната конференција на неговата Конзервативна партија рече дека „не треба да бидеме малтретирани да веруваме дека луѓето можат да бидат од кој било пол“, објави Ројтерс.
„Не можат да бидат. Мажот е маж, а жената е жена“, изјави британскиот премиер.