Британскиот преговарач за Брегзит во посета на Брисел

Од:

Британскиот преговарач за Брегзит, Дејвид Фрост, денеска е во посета на Брисел каде ќе се сретне со тимот задолжен за преговорите, но повеќе детали не се соопштуваат.

Нејасно е дали и кога ќе има средба на повисоко ниво меѓу двете страни, но контактите продолжуваат со цел изнаоѓање излез од ќор сокакот во кој се наоѓаат преговорите за истапувањето на Обединетото Кралство од ЕУ.

Џонсон предупреди дека доколку ЕУ одбие да ги отвори повторно преговорите за договорот за повлекување на Велика Британија, Лондон ќе истапи од ЕУ без претходен договор и се закани дека нема да го отплати долгот кон Унијата. Изјавата предизвика бурни реакции во ЕУ.

Главен „камен на сопнување“ за британската страна во договорот за Брегзит е механизмот на заштита на ирската граница, причина поради која претходната влада на Тереза Меј не успеа да обезбеди мнозинство во парламентот за да го изгласа компромисот постигнат со ЕУ.

Портпаролката на Европската Комисија, Мина Андреева, вчера порача дека ЕК е подготвена да разговара на „конструктивен начин“ за секаков конкретен предлог „компатибилен со договорот за повлекување“.

За ЕУ е од најголема важност истапувањето на Британците да нема штетно влијание врз внатрешниот пазар, што може да се случи доколку не се понудат конкретни решенија за ирската граница.

Со оглед на тоа дека, по Брегзит, ирскиот остров ќе биде поделен меѓу Република Ирска, членка на ЕУ и Северна Ирска, дел од Обединетото Кралство, мора да постојат гаранции дека европскиот внатрешен пазар нема да биде ставен во опасност од производи, луѓе или услуги кои не се компатибилни со стандардите на ЕУ. Истовремено, двете страни по секоја цена сакаат да избегнат враќање на тврда граница меѓу двата дела, поради децениите граѓански конфликти и војни на ирскиот остров.

Брисел и Лондон лани се договорија да воведат таканаречен „бекстоп“, заштитен механизам кој може да се активира во случај на опасност, но Џонсон категорично го отфрла.

Една од алтернативите на бекстоп за која би можело да се разговара е можноста да се воведат санкции во случај Обединетото Кралство да не ги почитува регулациите и стандардите на ЕУ за производите кои транзитираат кон Република Ирска преку Северна Ирска.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно