Британскиот Парламент вторпат ќе гласа за договорот за Брегзит

Од:

Британскиот Парламент денеска ќе гласа за Договорот за Брегзит, кој веќе еднаш го отфрли во јануари годинава.

Британската премиерка Тереза Меј синоќа во разговор со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер успеа да обезбеди „правно обврзувачки“ промени во нејзиниот договор за Брегзит, во последниот обид да добие поддршка од британските пратеници кои се заканија дека повторно ќе го отфрлат договорот. Правно обврзувачкиот договор всушност е додаток на претходно постигнатиот договор меѓу Меј и ЕУ минатата година и предвидува заштитен механизам со кој се гарантира дека границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска ќе остане отворена и по излезот на Британија од ЕУ.

Кабинетот на Тереза Меј соопшти дека е договорен заеднички инструмент за појаснување на договорот за Брегзит.

Јункер порача дека Британија мора да ја напушти ЕУ до европските избори што ќе се одржат од 23 до 26 мај, или во спротивно ќе мора да избира свои пратеници за Европскиот парламент. Тој додаде дека сега британскиот Парламент треба да направи клучен избор со тоа што ќе го одобри или отфрли договорот за излез на Британија од ЕУ.

– Изборот е јасен: тоа е овој договор или Брегзит можеби воопшто нема да се случи, напиша Јункер на Твитер.

Доколку пратениците повторно го отфрлат текстот, тогаш постојат две можности или Велика Британија да ја напушти Унијата на предвидениот датум без Договор, што би можело да предизвика потреси во самата земја, но и во ЕУ, или пак Меј да побара одлагање на Брегзитот со цел да добие дополнително време за усогласување на условите за „разводот“ меѓу двете страни.

Во обраќањето во петокот Меј предупреди дека повтороното отфрлање на договорот би предизвикало „криза“.

– Поддржете го (Договорот) и Обединетото Кралство ќе ја напушти ЕУ. Отфрлете го и никој не знае што ќе се случи… (тогаш) можеби нема да ја напуштиме ЕУ со месеци. Би можеле да заминеме и без заштитните мерки што ги предвидува Договорот, а можеби и никогаш нема да ја напуштиме (ЕУ), им порача Меј на пратениците.

Под притисок на членови на нејзината Влада, Меј се согласи во случај Парламентот денеска по вторпат да го отфрли Договорот, пратениците утре да се изјаснат за можноста за Брегзит без договор, а доколку го одбијат и тоа, во четврток да гласаат за евентално одлагање на британското напуштање на Унијата, предвидено за 29 март.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски