Британскиот Парламент во вторник ќе гласа за договорот за брегзит

Од:

Британската Влада денеска објави дека во вторник во Долниот дом на Парламентот ќе се одржи второто гласање за договорот за брегзит, што е договорено со Брисел, изјави министерката за парламентарни прашања Андреа Ледсом.

Доколку договорот биде повторно отфрлен, премиерката Тереза Меј ќе дозволи да се гласа истата недела за тоа дали треба Британија да излезе од ЕУ без договор или да се одложи брегзит.

Меј претходно најави дека гласањата ќе се одржат во среда и четврток.

Брегзит е предвиден за 29 март.

Аналитичарите очекуваат дека договорот во вторник повторно ќе биде отфрлен.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година