Британскиот парламент ќе расправа за Брегзит

Од:

Британските пратеници ја почнуваат денеска дводневната дебата за предлог законот кој овозможува започнување на формалниот процес за излез на Велика Британија од Европската унија.

Британската Влада брза да го започне тој процес до 31 март, рокот што сама си го постави.

Владата беше принудена да упати до парламентот предлог-закон откако Врховниот суд минатата недела пресуди дека процесот за напуштање на ЕУ не може да биде започнат без гласање во парламентот.

Министрите во британската Влада се надеваат дека предлог-законот ќе биде усвоен пред истекот на рокот на 31 март.

Британскиот министер за Брегзит Дејвид Дејвис, претходно, при претставувањето на предлог-законот, истакна дека граѓаните на Велика Британија одлучиле да излезат од ЕУ и дека Владата е „одлучна да ја исполни таа одлука“.

Дејвис изрази надеж дека парламентот ќе ја почитува одлуката на британскиот народ и брзо ќе го одобри започнување на Брегзит.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година