Британскиот парламент истражува со кои пари Борис Џонсон си го реновирал станот

Од:

Независно надзорно тело на британскиот Парламент го истражува премиерот Борис Џонсон за патувања во странство и начинот на кој тој им го претставил тоа на парламентарните власти.

Парламентарниот комесар за стандарди рече дека се испитува дали Џонсон го прекршил кодексот на однесување кон членовите на Парламентот.

Тоа ја интензивираше истрагата за финансиите на Џонсон, бидејќи властите веќе разгледуваат како е финансирано реновирањето на станот.

Тој рече дека парите за реновирање ги обезбедил Дејвид Рос, коосновач на трговскиот ланец Карфон Верхаус.

Џонсон во Парламентот во февруари 2020 година изјави дека отпатувал на Карибите на одмор со неговата партнерка Кери Симондс, од 26 декември 2019 година до 5 јануари 2020 година.

Опозициските лабуристи бараат да го објасни овој аранжман.

Доколку биде прогласен за виновен за кршење на правилата, Џонсон би можел да биде принуден да се извини или привремено да биде суспендиран, па дури и протеран од Парламентот.

Случаите на протерување од британскиот Парламент се исклучително ретки.

Би можело да ве интересира

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Имавме договор со Украина, но се појави човекот со „добра фризура“, вели Путин

Катерина Ѓуровски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски