Британскиот Парламент и формално го одобри Брегзитот

Од:

Пратенците во британскиот Парламент денеска го усвоија Законот за излез на Велика Британија од Европската унија, со што се овозможува тој да влезе во следната фаза на парламентарната процедура.

Британските пратеници се изјаснија „против“ обидот на опозициската Лабуристичка партија да го блокира продолжувањето на усвојувањето на законоската рамка, со која ќе бидат прекинати политичките, финансиските и правните врски со ЕУ.

Лабуристите ја повикаа британската Влада да направи отстапки при донесувањето на законот за повлекување на Велика Британија од Унијата, наведувајќи дека неколку членови на законот им даваат на властите преголема моќ.

По повеќе од осумчасовна дискусија, пратениците во британскиот Парламент, со 326 гласови „за“ и 290 „против“ го одбија амандманот на Лабуристичката партија, со чие усвојување ќе беше оневозможено преминувањето во следната фаза на парламентарната процедура, по законот за излез од ЕУ беше изгласан во втора фаза.

Британската премиерка Тереза Меј го поздрави гласањето во Парламентот и поддршката за прекин на врските со Унијата, нагласувајќи дека одлуката значи оти сега Лондон може „да продолжи со преговорите на солидни темели“.

– Парламентот рано утрово донесе историска одлука, поддржувајќи ја волјата на британскиот народ и гласаше за законот што дава сигурност и јасност пред повлекувањето од Европската унија, наведе Меј по гласањето.

– Иако треба уште многу да се сработи, оваа одлука значи дека можеме да продолжиме да преговараме на цврста основа и да продолжиме да ги охрабруваме претставниците од сите делови на Обединетото Кралство да работат заедно за поддршка за законот што е од витално значење, истакна британската премиерка.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски