Министерот за одбрана на Велика Британија Филип Хамонд е вториот член на Владата кој го поддржува излегувањето на земјата од Европската Унија, пренесуваат британските медиуми.
Претходно, министерот за образование, Мајкл Гав се изјасни дека и тој смета дека Велика Британија треба да ја напушти Европската Унија.
Пратениците на Конзервативната партија на Камерон, пак изразија жалење што легислативата за референдум за членство во ЕУ не е наведена на листата на владините приоритети.
Камерон предложи референдум во 2017 година, доколку неговата партија победи на парламентарните избори во 2015 година.