Британскиот министер за Брегзит поднесе оставка

Од:

Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Фрост синоќа објави дека поднесува неотповиклива оставка, наведувајќи ја како причина „загриженоста за насоката во која се движи Владата на премиерот Борис Џонсон“.

„Разочарувачки е што овој план стана јавен вечерва, и во дадените околности, мислам дека е правилно да напишам дека веднаш се повлекувам“, порача Фрост во писмото до Џонсон што го објави Кабинетот на премиерот.

Фрост, кој е поддржувач на Брегзит, ги предводеше обидите на Лондон повторно да ги отвори преговорите за условите за излегување на Велика Британија од Европската унија.

Весникот „Мејл од сандеј“ пишува дека заминувањето на Фрост е поттикнато со воведувањето дополнителни мерки против Ковид-19, кои вклучуваат пропусници за вакцини, како и поради општото незадоволство од даночната политика на Владата и трошоците за еколошката политика „нето нула емисии“.

Би можело да ве интересира

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски