Британскиот и ирскиот премиер учествуваат во меѓупартиските преговори во Белфаст

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон и неговиот ирски колега Енда Кени,учествуваат во Белфаст во меѓупартиските преговори за надминување на блокадата во политичкиот процес во Северна Ирска.

Премиерите на двете соседни земји,заедно со највиските претставнци на Демократската унионистичка партија и на Шин Феин,се обидуваат да помогнат за да се најде решение начин за постигнување договор околу летните паради на северноирските протестанти,истакнувањето на знамињата,толкувањето на настаните од минатото,како и за реформата на социјалниот систем.

Пред да замине за Белфаст,Камерон рече дека е решен да нарави се што е потребно за да се постигне меѓупартиски договор.Во авторски текст во „Белфаст Телеграф“ британскиот премиер пишува дека заедно со ирскиот премиер Енда Кени ќе извршат силен притисок врз партиите за да се обезбеди успешен разрешување на застојот во меѓупартискиот дијалог по виталните прашања.

Партиите во северноирското Собрание во Стормонт претходно сугерираа дека можеби одново ќе биде потребно формирање на „мировен инвестиционен фонд„со стотици милиони фунти, исто онака како што повеќе од седум години беше направено за да се обезбеди договор меѓу ДУП и Шин Феин околу создавањето заедничка власт во Северна Ирска.

Британскиот министер за Северна Ирска,Тереза Вилерс,меѓутоа,рече дека проблемите нема да се решаваат со давање „големи пари“.

Нема уште еднаш да се фрлаат пари за да се разреши еден проблеми-изјави Вилерс,порачувајќи им на партиите во Белфаст дека Министерството „нема такви пари“.

Ирскиот премиер Кени учествува во оваа „британска работа“ во покраината,затоа што покрај Велика Британија и Република Ирска е гарант на мировната спогодба од Велики Петок во 1998 година, за обезбедување траен мир меѓу протестантите-унионисти и католиците републиканци во Северна Ирска.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство