Командантот на британските вооружени сили, генерал Николас Хоутон, изјави дека Лондон ги „изневерил сојузниците“ во врска со бомбардирањето на позициите на џихадистите од Исламска држава во Сирија.
Генералот ја критикува политиката на владата и нејзината одлука, бомбардирањето на ИД да се насочи само кон Ирак, но не и кон Сирија.
Според Хоутон, таквото решение е бесмислено, затоа што се знае дека главнината на операциите и силината на позициите на џихадистите, се наоѓа на сириската територија, од каде и се дејствува во регионот.
Велика Британија остана надвор од анти-ИД коалицијата што ја предводи САД за операциите во Сирија, за разлика од другите британски сојузници, откако во 2013 година, владата на премиерот Дејвид Камерон доживеа пораз во Парламентот, не добивајќи подршка за бомбардирањето и на сириската територија.
По вклучувањето на Русија, на сирискиот фронт, воени функционери и безбедносни експерти почнаа повторно да притискаат британските авиони да дејствуваат против ИД и во Сирија, но за тоа ќе мора да има ново гласање во Долниот дом.
Владините министри не сакаат да доживеат уште еден пораз, па премиерот Камерон не сака да побара од Парламентот ново гласање, се додека не биде уверен дека за тоа ќе има доволно сигурно мнозинство.