Британскиот Дом на општини на тридневна расправа за измените на предлог законот за Брегзит

Од:

Членовите на британскиот Дом на општини денеска ја почнаа последната фаза од постапката за усвојување на владиниот предлог закон за почеток на преговорите за напуштање на ЕУ, пренесе ДПА.

Првата етапа од парламентарната процедура за активирање на член 50 од Лисабонскиот договор и почеток на преговорите за условите на Брегзит минатата недела заврши без никакви проблеми.

Денеска почнатата тридневна дебата се очекува да биде жешка, затоа што пратениците ќе треба да се изјаснуваат за десетина предлози за измени на кусиот предлог закон, што во Парламентот го поднесе премиерката Тереза Меј, посочи германската агенција.

Дваесет и седум пратеници на Конзервативната партија на Меј може да се изјаснат против неа и да ги поддржат измени во тестот на законот, предложени од опозициските лабуристи и либералдемократи, предупреди минатата недела евроскептичниот конзервативец Стив Бејкер. Тој ја предводи таканаречената Група за европски истражувања, која инсистира предлог законот да биде одобрен од Парламентот во формата во која е поднесен.

Но, Кен Кларк, единствениот конзервативец кој минатата недела гласааше против активирање на член 50, остро го критикуваше фактот дека владината Бела книга за Брегзит била објавена дури откако пратениците го усвоија предлог законот во прво читање. Кларк, кој беше бурно поздравен од лабуристите за време на минатонеделната дебата, за „Гардиан“ изјави дека „никогаш не видел нешто толку безумно и хаотично“, каква што е стратегијата на владиниот кабинет за Брегзит.

Претензиите на премиерката Тереза Меј со ЕУ да договори целосен пристап до единствениот пазар на Унијата и гаранции за правата на граѓаните на ЕУ, кои престојуваат во Велика Британија, се меѓу измените во предлог законот, кои членовите на Домот на општините ќе ги разгледуваат од денеска до среда. Откако тие ќе го одобрат текстот на законот, тој ќе биде препратен во Горниот дом на лордовите, за разгледување и гласање.

Премиерката Тереза Меј очекува до крајот на март да заврши оваа процедура, за потоа да може да се активира член 50 од Лисабонскиот договор, што ќе биде знак за почетокот на преговорите за разделба со Унијата.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца