Британскиот авион со Европјани полета од Вухан

Од:

Авион со 83 британски и 27 државјани на други земји полета од Вухан, жариштето на новиот коронавирус во централна Кина.

Британското Министерство за надворешни работи објави дека авионот ќе слета околу 13 часот.

Потоа ќе продолжи кон Шпанија, каде одговорноста за преостанатите патници ќе ја преземат нивните матични земји.

– Знаеме колку е вознемирувачка ситуацијата за оние што чекаат да го напуштат Вухан. Деноноќно работиме за да обезбедиме безбедно заминување, изјави британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб.

Малку подоцна министерот Мајкл Гов најави дека Велика Британија, доколку е потребно, ќе испрати уште еден авион во Вухан за да евакуира британски граѓани.

– Ако има потреба, ќе го направиме тоа, одговори Гов на прашање од Скај њуз дали Велика Британија ќе испрати друг авион.

Кинеската Национална комисија за здравство објави дека според последните податоци, од новиот коронавирус досега починале 213 луѓе, додека 9.692 се заразени.

Светската здравствена организација вчера прогласи вонредна здравствена состојба поради коронавирусот, откако бројот на болни за една недела се зголеми за повеќе од десет пати.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот