Британски војници нема да бидат испратени во Сирија

Од:

Британскиот министер за одбрана Филип Хамонд ја отфрли денеска можноста британски војници да се испратат во Сирија, но објасни дека армијата мора да има план „за секој случај“.

Во изјава за британските медиуми, Хамонд рече дека сосема е мала можноста Британците да се најдат на сириската територија, иако сите опции и натаму се на маса.

Изјавата на министерот претставува одговор на интервјуто на началникот на британскиот генералштаб Дејвид Ричардс за проконзервативниот „Дејли Телеграф“.

Во интервјуто, последно пред неговото скорешно пензионирање, генерал Ричардс го предупреди премиерот Дејвид Камерон и сите кои заговараат воена интервенција во оваа земја дека Велика Британија ризикува да се најде во војна со Сирија, доколку се инсистира на создавање зона за забранети летови, над сириската терторија и доколку се вооружуваат тамошните бунтовници.

Првиот човек на британската армија на заминување и министерот се согласуваат дека се уште ниту една опција не е отстранета околу каква ќе биде разврската на сирискиот конфликт, но генерал Ричардс забележува дека воспоставувањето зона за забранети летови сама по себе нема да има ефект ако не биде проследена со низа воени мерки.

Сето тоа, според, генералот би значело нова војна, во која Велика Британија ќе мора да се вклучи, заедно со своите сојузници, а пред се САД, кои во овој момент немаат единствена позиција околу разрешување на кризата во Сирија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија