Британски универзитет среде скандал со силувања

Од:

Универзитетот на Сент Ендрјус во Шкотска, еден од најстарите универзитети во светот, е потресен од скандал откако повеќе од 20 жени тврдат дека биле силувани и сексуално нападнати во кампусот.

Повеќето обвинувања се однесуваат на братството „Алфа-ипсилон-пи“, кое не е официјална универзитетска групација.

Универзитетот, каде што студирале и некои членови на британското кралско семејство, соопшти дека ќе соработува со полицијата во истрагата. Обвиненијата беа подигнати анонимно на Инстаграм-страницата „Сент Ендрјус: Преживеани“. Се работи за над 20 студентски обвиненија за силување и неколку други обвиненија за поинакви форми на сексуален напад, физички напад и принуда.

Огранокот на братството во градот Сент Ендрјус суспендираше неколкумина свои членови по обвиненијата.

На овој престижен Универзитет своето образование го стекнале и принцот Вилијам и неговата сопруга, војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон