Британски туристи избегаа од карантин во Швајцарија

Од:

Стотици британски туристи кои требаше да бидат во карантин поради неодамна откриената мутација на коронавирусот исчезнаа од швајцарскиот ски-центар Вербиер, кој важи за многу популарен меѓу Британците.

Швајцарските власти соопштија дека имало 420 гости од Велика Британија кои биле во карантин пред Божиќ. Педесетина од нив веднаш заминале, а од 370 што останале, денеска имало помалку од десетмина во ски-центарот.

„Го разбираме нивниот гнев“, рече портпаролот на општината на која припаѓа ски-центарот.

Тој остро го критикуваше избрзаното и ретроактивно воведување карантин за сите гости кои пристигнаа од Велика Британија.

Швајцарија ги прекина сите летови од Велика Британија и Јужна Африка на 20 декември, откако во овие земји беше откриен нов вид коронавирус.

На 21 декември, властите наредија сите туристи кои пристигнаа во ски-центрите на 14 декември и по тој датум, во согласност со одлуката да бидат ставени во десетдневен карантин од датумот на нивното пристигнување.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон