Британски новинар тврди: Асанж го претвораат во „човечка руина“

Од:

Според британскиот новинар Воган Смит, Џулијан Асанж звучел како човечка руина за време на телефонски разговор кој го имала за католичкот Бадник, при што тој зборувал од затворот.

Новинарот истакна дека основачот на „Викиликс“ имал проблеми со говорот и звучило како да е дрогиран.

На Асанж за Божиќ му бил дозволен замо еден повик од затворот Белмарш кој се наоѓа во југо-источен Лондон.

„Мислам дека тој само сакаше да побегне од темните мисли на неколку минути и да се присети на убавите спомени“, истакнал Смит на “Раша Тудеј“, додавајќи дека Асанж последен пат ги минал празниците во својот дом во 2010 година.

Краткиот разговор бил далеку од весел, а состојбата на Асанж се влошувала како што изминувале минутите.

„Неговиот говор беше нејасен. Тој зборуваше бавно“, кажал новинарот.

„Џулијан е многу елоквентна личност и зборува многу јасно. Звучеше ужасно, вознемирувачко беше да го слушам“, рекол Смит.

Иако Асанж не го кажал тоа гласно за време на повикот, Смит верува дека тој е под седативи, додавајќи дека други луѓе кои го посетиле претходни го делат истото мислење.

Смит не е првиот што го покрена овој проблем, но британските власти одбиваат да откријат дали на Асанж му се даваат психотични лекови во затворот, инсистирајќи на тоа дека не го малтретираат.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот