Британски министри разгледуваат други опции за Брегзит

Од:

Мнозинството министри на британската премиерка Тереза Меј сметаат дека нејзиниот план за Брегзит е „мртов“ и разгледуваат други опции, меѓу кои и опцијата за втор референдум, пишува британскиот весник „Тајмс“.

Следната недела Меј треба да разговара со министрите за новите ставови.

Една група министри, меѓу кои се и министерката за труд и пензиски систем Амбер Руд и министерот за финансии Филип Хамонд, ја претежираат опцијата за нов референдум, доколку сите други опции се потрошени, пишува „Тајмс“.

Друга група министри, меѓу кои се министерот за заштита на животната средина Мајкл Гов и министерот за внатрешни работи Саџид Џавид, се противат на идејата за референдум.

Останатите министри, меѓу кои е и министерот за надворешни работи Џереми Хант, сакаат да го ризикуваат излезот од ЕУ без договорот, пишува британскиот весник.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија