Британски експерти сугерираат Е-цигарите да се препишуваат на здравствен рецепт

Од:

Група британски експерти сугерираат лекарите во домашното здравство, во иднина, да ги препишуваат Е-цигарите, на здравствен рецепт, за да се поттикнат пушачите на тутун, да се откажат од пушењето.

Според наодите на оваа група, од лондонскиот Кингс Колеџ, електронските Е-цигари се 95 отсто помалку штетни за здравјето на луѓето од тутунот.

Во извештајот што групата го направи за потребите на јавното здравство на Англија, се тврди дека нема докази оти Е-цигарите ги потикнуваат децата да станат пушачи.

Извештајот на оваа експретска група доѓа по претходното предупредување на Британската медицинска асоцијација околу „штетноста на Е-цигарите“.

По нивните препораки, дека треба да се забрани употребата на Е-цигарите, на сите локации каде е забрането и пушењето тутун, британските власти почнаа да ја испитуваат можноста од воведување ваква забрана на јавни места, а некои локали во Лондон, тоа почнаа да го применуваат. не чекајќи на законот.

Решението да се забранат и Е-цигарите се оправдуваше со „ спротивставувањето на непушачите“ да бидат во исти простории со лугето кои „пушат„ електронски цигари.

Владата на Велс, прва во Велика Британија, најави дека ќе ја забрани употребата на Е-цигарите.

Наодите на истражувањето на експерткста група од „Кингс Колеџот“ меѓутоа, покажува дека нучниците се длабоко поделени околу ова прашање, па нивните позиции се движат од барањата за забрана, до препораката да се даваат на рецепти од лекарите.

Статистичките показатели откриваат дека само на територијата на Англија, секоја година умираат по 80 илјади луѓе како последица на пушењето.

Професорот на „Кингс Колеџот“ Ен Мекнил смета дека оваа загрижувачка ситуација, може да се промени, токму со форсирањето на Е-цигарите.

„Доколку секој сегашен пушач, наместо тутун, почне да пуши од електронските цигари, бројот на смртноста од пушењето ќе се намали на четири илјади“, вели професорката Мекнил.

Таа смета дека во борбата со пушењето, треба да се искористи ситуацијата со големата популарнст на ваквите цигари кај Британците, кога 2,6 милиони луѓе наместо тутун, сега пушат Е-цигари.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца